„Ти си Циган!” Навивачите го навредуваа Влаховиќ, тој веднаш им одговори – им ја затвори устата со гол и доби жолт картон

Фудбалерите на Јувентус ја победија Аталанта на гости со 2:0 во 34. коло од Серија А, а вториот гол за „Старата дама“ на денешниот меч го постигна Душан Влаховиќ.

Повторно Влаховиќ не беше во стартниот состав, но доби шанса во 65. минута наместо Аркадијуш Милик, а во 98. минута се запиша меѓу стрелците и тоа на феноменален начин.

Сепак, на денешниот натпревар освен убавиот гол, имаше и една грда сцена, бидејќи навивачите на Аталанта во еден момент го навредуваа Влаховиќ, поради што играта беше прекината на кратко.

– Ти си циган – викна еден навивач, а Влаховиќ му гестикулира со рацете и за тоа добил жолт картон.