Тоа го немаа ниту Федерер ниту Надал! Енди Мареј го ,,спушти” Надал со зборовите за Ѓоковиќ: Новак? Неверојатно, впечатливо, брилијантно… (фото)

Познатиот тенисер Енди Мареј е еден од низата личности од светот на тенисот кои деновиве зборуваа за Новак Ѓоковиќ.

Како да е договорено секој во истиот момент да каже што мисли. Најголемо внимание привлекоа зборовите на Рафаел Надал, а Новак беше критикуван и пофален.

Британецот, некогаш број еден, а сега 41. тенисер во светот, истакна дека Ѓоковиќ и денес прави големи работи.

„Она што Новак го постигна на УС Опен и во текот на целата година е неверојатно, тоа што тој сè уште го прави физички на 36 години е многу импресивно“, рече Мареј.

За разлика од Надал, Мареј упорноста и желбата за победа на најголемите турнири на Србинот ја претстави како голема работа, а направи разлика меѓу членовите на „големата тројка“.

„Мотивацијата и желбата што ги носи се навистина неверојатни, брилијантни. Роџер и Рафа имаа долги кариери, но ниту еден од нив не играше толку константно како Новак во оваа фаза од својата кариера“.

Да потсетиме, Надал неодамна за време на гостувањето на една телевизија проговори за мотивацијата на српскиот тенисер.

,,Мислам дека Ѓоковиќ малку поинтензивно ја живее таа Грен слем приказна. За него би било голема фрустрација доколку не го постигне тој рекорд“, изјави Шпанецот.