“ТОА Е ЕДНА ОД МОИТЕ НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ“ – Поранешната ѕвезда на Барселона си ја отвори душата: “Морав да кажам дека Лионел Меси е најдобар, инаку не би играл за…“
Кевин Принс-Боатенг, поранешен фудбалер на Барселона, беше гостин во подкастот на Рио Фердинанд каде даде впечатливи изјави за времето поминато во Барселона.
„Се сеќавам дека кога пристигнав во Барселона, веднаш ме прашаа кој е најдобриот играч на светот. Морав да кажам дека тоа беше Лионел Меси, излажав“, признава Кевин Принс-Боатенг и исто така вели дека тоа било една од најголемите лаги во неговиот живот.
Неговото објаснување за наведената „лага“ не застана тука и продолжи со следните зборови:
„Нормално секогаш ја кажувам вистината, но се излажав бидејќи тоа беше единствениот начин да го облечам дресот на Барселона. Го сакам Кристијано Роналдо . Но, ми рекоа дека морам да кажам, инаку нема да играм“, додава тој.
Кевин Принс-Боатенг потоа се потсети на времето поминато во каталонскиот гигант.
„Лионел Меси беше капитен, но не зборуваше многу во соблекувалната“, вели тој и укажува на ситуацијата во која некогаш разговарале заедно под туш.
„Ме праша дали е тешко да се постигнуваат голови во Италија, бидејќи Кристијано Роналдо во тој момент беше таму. Му кажав дека е потешко бидејќи таму е Кристијано Роналдо“, открива Кевин Принс-Боатенг.
Кевин Принс-Боатенг пристигна во Барселона во јануари 2019 година. Тој пристигна на позајмица до крајот на сезоната, со откупна опција од 8 милиони евра. Напаѓачот на тој начин стана првиот играч од Гана кој заигра за каталонскиот клуб, а од клубот си замина на 30. јуни истата година.