Во последните неколку месеци, поранешните партнери на хрватската пејачка Северина Вучковиќ – Игор Којиќ и Милан Поповиќ поминуваат доста време заедно.
Игор и Милан се дружат уште од минатото лето, кога Милан присуствуваше на роденденската забава на Игор, каде позираа како најдобри пријатели – прегрнати.
Во изјава за српскиот медиум „Стори“, Северина кажува што мисли за нивното пријателство.
„Мене прва асоцијација ми беше песната на Фране Ласиќ ‘Загрљени'(‘Прегрнати’). Си помислив: ‘О Боже, нереална е таа нивна средба, токму како во стиховите на песната: ‘Прегнати бевме ние, ненадејно тоа се случи, ни тебе ни мене, никогаш така не ни било’“, изјавила Северина.
Северина изјавила дека е изненадена од дружбата, а и на кратко се осврнала на разводот со Игор.
„Јас тивко си отидов. И ќе продолжам да се држам до тоа“, изјавила хрватската пејачка.
Моментално, Северина е на одмор на Малдивите, иако требала во меѓувреме двапати да се појави на суд.