“ТОА Е ОПАСНА ЦРНА КУТИЈА!“ – Страшно предупредување од првиот човек на Google: “Ова откритие е поважно од било кое претходно! Не спијам навечер поради…“
Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, призна дека брзиот развој на вештачката интелигенција (ВИ) го држи буден ноќе, и покрај тоа што неговата компанија е во тек со технологијата.
Сундар Пичаи вели дека не ја разбира целосно вештачката интелигенција, но тој е сигурен дека еден ден ќе биде многу поспособна од се што сме виделе досега во светот.
„Отсекогаш мислев дека вештачката интелигенција е најважната технологија на која работи човештвото. Многу поважно и од медицината, струјата и се што сме правеле низ историјата“, тврди тој во интервју за CBS и признава дека сепак е многу загрижен за брзиот и неконтролиран напредок на оваа технологија.
„Може да биде многу штетно ако се е поставено погрешно. Ги немаме сите одговори, а технологијата брзо напредува. Дали тоа ме држи буден ноќе ? Апсолутно“, објаснува Сундар Пичаи.
Минатиот месец, технолошките гиганти, вклучително и Илон Маск, потпишаа отворено писмо во кое повикуваат на шестмесечна пауза во истражувањето на вештачката интелигенција, предупредувајќи дека технологијата излегува од контрола. Копотписници на тоа писмо се и вработени во Google.
Сундар Пичаи ја нарече вештачката интелигенција како „црна кутија“ која сè уште не ја разбираме целосно. Тој додаде дека треба навремено да се регулира вештачката интелигенција.
„Секој кој некое време работел со вештачка интелигенција разбира дека тоа е нешто толку различно и длабоко што би ни требале општествени регулативи за да размислиме како да се прилагодиме“, објаснува тој.
Сундар Пичаи е загрижен и покрај тоа што Google исто така напредува со четботот за вештачка интелигенција Bard, ривал на ChatGPT.
Google се сметаше за лидер во развојот на вештачка интелигенција, но беше критикуван дека заостанува зад ривалите, вклучувајќи го и Microsoft, кој инвестираше во OpenAI и ја користи својата технологија за да го напојува својот пребарувач Bing.
Сундар Пичаи признава дека компаниите можеби побрзале да ја развијат технологијата без целосно да ги земат предвид нејзините недостатоци и ризици.
„Една од работите на кои треба да внимаваме кога станува збор за вештачката интелигенција е трката во која компаниите се натпреваруваат да бидат први што ќе имаат нешто, додека потенцијалните ризици и недостатоци се губат од вид“, заклучува тој.