Турската компанија за производство на електричните автомобили Тогг ќе произведе 28.000 возила од својот СУВ-модел T10X до крајот на оваа година, соопшти турскиот министер за индустрија и технологија, Фатих Каџир, јавува Анадолу.
Посетувајќи ја фабриката на компанијата во индустриската област Бурса, Каџир рече дека бројот на автомобилите Тогг на патиштата надминал 2.000.
Тој истакна дека производствениот капацитет ќе се зголеми за два и пол пати до следната година.
Турскиот министер за трезор и финансии, Мехмет Шимшек, исто така, ја посети фабриката и изјави: „Производството со 90-процентна автоматизација е навистина голем успех. Тоа е голема технолошка база со висока технологија, исклучително ефикасна и работи на фантастичен начин.“
Основана во 2018 година, Тогг го претстави првиот прототип на електрично возило на Туркије во декември 2019 година.
Компанијата започна со масовно производство минатиот октомври.