Украинскиот претседател Зеленски во посета на Шведска

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес пристигна во посета на Шведскa.

Зеленски, придружуван од неговата сопруга Олена Зеленска, ќе се сретне со шведското кралско семејство, премиерот Улф Кристерсон, претседателот на Парламентот, Андреас Норлен, врховниот командант на Шведските вооружени сили и лидерите на политичките партии, јави државната телевизија СВТ.

Според СВТ, состаноците на Зеленски со шведското раководство ќе се фокусираат на безбедноста и шведската поддршка за кандидатурата на Украина за ЕУ.

Претходно оваа недела, владата предложи 13. пакет поддршка за Украина во вредност од 3,4 милијарди шведски круни (речиси 310 милиони долари).

Шведска досега донираше одбранбена опрема на Украина во вредност од приближно 17 милијарди долари.