ТОМА ФИЛА ИМА ДВОЈНИК !? Познатиот адвокат воодушевен од неговиот колега во Хрватска: “Ми се допаѓаат првите четири букви од неговото презиме…“

Тома Фила има свој „двојник“ меѓу хрватските адвокати.

Познатиот адвокат Тома Фила има своевиден „двојник“ во Хрватска. Станува збор за адвокат со многу успешна кариера во оваа земја по име – Томислав Филаковиќ.

Тома Фила за српските медиуми изјавил дека не го познава својот хрватски колега, ниту неговата работа, но дека нешто му се допаѓа кај него.

Многу ме насмеа, но за жал немав шанса да се запознаам со Филаковиќ. Многу ми се допаѓаат првите четири букви од неговото презиме. Инаку, колку што знам, не сме поврзани, но оваа ‘врска’ што е забележана е симпатична. Се сеќавам и на Славица Фила. Таа е хрватска актерка, најпозната по улогата во детска телевизиска серија. Тоа беше програмата што ја гледаа, па и тогаш луѓето се интересираа дали сме во роднинска врска. Фила е презиме со италијанско потекло“, изјавил познатиот адвокат.

Инаку, Томислав Филаковиќ е познат адвокат од Осиек.