“УТРЕДЕНО Е ДАЛИ МОМЧЕТО НЕКОМУ ГО НАЈАВИЛ МАСАКРОТ ВО БЕЛГРАД!“ – еве што се случува на вештачењето: “Се истражува до последен детал!“

Се чекаат резултатите од вештачењето кои се клучни во истрагата за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Србија.

Истрагата за масовното пукање во кое момче (13 г.) во 8 часот и 40 минути на 3. мај годинава во основното учичиште „Владислав Рибникар“ во Врачар уби осум ученици, училишен чувар, а рани шест врсници и наставничка се уште е во тек, а како што изјавил соговорникот на српскиот весник Telegraf.rs од овој случај, се чекаат резултатите од вештачењето кои се клучни.

На вештачењето има пиштол, телефон, компјутер, неговиот гардеробер, како и лични белешки под кои припаѓаат – неговите тетратки и книгите што ги читал… Поентата е да се утврди со кого имал контакт, што токму тој зборувал со луѓето со кои разговарал, дали се скарал со некого, дали имал некакви симпатии, невозвратена љубов, зошто девојките биле секогаш негова мета, дали некому му се заканувал… Затоа, детално се истражува што гледал, што го интересирало… Се истражува и дали со татко му вежбал гаѓање некаде освен на стрелиште. Се истражува и дали можеби најавил некому што ќе прави. Исто така не се знае како момчето ја знаело шифрата на сефот на татко му“, изјавил соговорникот од истрагата за споменатиот српски весник.

Според информациите од истрагата, момчето наводно влегло во училиштето во 08:40 часот, а две минути подоцна повикало полиција во 08:42 часот. Инаку, неговиот татко е осомничен дека го оставил оружјето на не безбедно место. На сите обвинувања на истражителите, таткото кажал дека – „не е виновен“. Момчето моментално се наоѓа на психијатриско одделение.