Земјотрес ја погоди Албанија

Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од Елбасан

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Албанија , соопшти Сеизмолошкиот завод на Србија.

Земјотресот е регистриран во 6 часот и 32 минути, на длабочина од пет километри.

Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од Елбасан.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.