„ТОМО, СЕПАК ЈАС СУМ УБИЕЦ“! Адвокатот кој го бранел Лаушевиќ за кобната ноќ: НА УБИСТВОТО МУ ПРЕДХОДЕЛЕ 3 НЕСРЕЌНИ НАСТАНИ
Том Фила проговори за случајот со Жарко Лаушевиќ.
Семејството на Жарко Лаушевиќ соопшти дека познатиот актер починал во средата, на 15 ноември, по тешко и кратко боледување.
Животот на големиот српски актер го одбележа трагичниот настан кој се случи ноќта меѓу 30 и 31 јули 1993 година. Жарко Лаушевиќ тогаш уби две лица. Според тогашните наводи, до конфликтот дошло кога биле нападнати Лаушевиќ и неговиот постар брат Бранимир.
Тома Фила е еден од адвокатите кои работеа на случајот на Жарко Лаушевиќ. Како што рече, актерот и неговиот брат биле нападнати во кафеана додека чекале храна. Според Фила, три несреќни околности придонеле за трагичниот исход. „Ова се патиштата на несреќата. Прво, во младоста Жарко го глумеше Марко Краљевиќ, поради тоа му се закануваа смрт, а тогаш тој почна да носи пиштол за да се одбрани. Втората несреќа е што автомобилот не му се заклучуваше, а третата несреќата е што држел пиштол во чантата која не се затворала целосно“, изјави Фила еза телевизијата К1.
Тој рече дека Лаушевиќ во моментот на неговото доаѓање бил без адвокат два месеци. „Ми се јави неговиот брат, управителот на затворот. Јас го бранев бесплатно. Тоа не беше (на)правено за пари. Тие ми се закануваа, едниот сакаше да ме избоде со нож. Душан Машиќ се пријави да оди со мене, имаше два пиштоли, да се браниме додека можеме. Голема среќа за Жарко беше што ги донеле келнерките од Босна и Херцеговина да сведочат. Тој со брат му тргнал да јаде плескавица. Излегле заедно од колата, а Жарко се сетил дека неговата врата не работи и ја земал чантата и касетофонот. Еден од нив и се додворуваше на жената што правеше плескавици, проработе суетата, а Жарко тогаш имаше чиста биографија“, рече Фила.
Адвокатот објасни како започна конфликтот. „Прво го нокаутираа брат му и го удираа со шише во глава. Рекоа дека тој излегол надвор и испукал уште неколку куршуми и рекол: „Кој е следен да го го убијам?“ Тоа не беше вистина, јас докажав дека целата муниција била испукана во објектот. Жарко имаше леќи, имаше диоптрија од минус шест и неконтролирано пукал.
Му се закануваа со смрт затоа што играл Свети Сава, започна граѓанската војна и се што беше националистичко било забрането и доаѓаше „на нож“. Тој е несреќен човек, живее со тоа триесет години, и ми вели „Томо, сепак јас сум убиец . Тој покажуваше каење, но никој не е виновен“, се сеќава адвокатот Тома Фила.