Томпсон собори светски рекорд: Податоците се неверојатни

Музичарот Марко Перковиќ Томпсон собори светски рекорд. Продадени се 281.774 билети за неговиот концерт во загрепскиот Хиподром. Тимот и официјално стана најголемиот распродаден концерт во светот, во историјата,

„ Овој неверојатен успех на глобално ниво станува уште пофасцинантен кога ќе земеме во предвид дека концертот е распродаден за помалку од 24 часа и дека речиси половина од сите билети се продадени за помалку од 6 часа “, се вели во платформата Entrio.

Инаку, рекордот за најголем концерт со продадени билети претходно го држеше италијанскиот музичар Васко Роси, кој продаде 225.173 билети за неговиот концерт во 2017 година во Модена, во паркот Енцо Ферари.

Како што е соопштено , Томпсон го надмина тој рекорд со 25% повеќе продадени билети.