Том Круз и на 62 години е во најдобра форма: Што има на неговото мени?

Том Круз важи за еден од најзгодните актери, а својот изглед го одржува и на 62 години со посебен режим на исхрана и редовно вежбање.

Секое утро оди во теретана. Тој не консумира алкохол. Наместо три обилни оброци, тој јаде 15 мали закуски дневно. Оваа одлука повеќе одговара на неговиот брз начин на живот. Не конзумира чипс или други грицки, а јаде големо количество овошје.

Актерот троши само 1.200 калории дневно како дел од планот за исхрана дизајниран од Дејвид Бекам. Избегнувајќи преработена храна и јаглехидрати, Том претпочита храна на скара и на ниска температура која му ја подготвува неговиот личен готвач.

Вака приготвената храна ги задржува сите свои корисни својства и добро влијае на здравјето. Том често јаде лосос, темно чоколадо, боровинки, ѓумбир, цвекло, брокула, домати и спанаќ. Често консумира и маслиново масло.

Својата исхрана ја надополнува со храна богата со антиоксиданси, како овошје, јаткасти плодови и зеленчук.

Се одлучил за макробиотска исхрана, што значи дека целата храна е органски одгледана. Со оглед на тоа што Том многу внимава на својот изглед и на квалитетот на храната што ја консумира, кога патува со себе го носи својот личен готвач.