Том Круз ја заведува Шакира, сега и праќа цвеќе: Откриено и што мисли пејачката за него

Луѓето блиски до двајцата сметаат дека тие двајца би биле добри еден за друг

Колумбиската ѕвезда Шакира и холивудскиот заводник Том Круз би можеле да бидат новата двојка за која зуе светот. Тие предизвикаа големо внимание со дружењето во Мајами, на трката „Формула 1“ минатиот викенд.

Извор близок до актерот тврди дека се работи за Том Круз и колку е романтично заинтересиран за Шакира, и дека меѓу нив има хемија. Двојката беше неразделна додека ги обиколија тркачките автомобили пред почетокот на трката, а потоа го продолжија разговорот во ВИП кутијата.

– Дефинитивно и треба некој кој ќе и помогне да ги ублажи непријатните удари, а тоа би можел да биде Том – рекол изворот кој тврди дека Шакира мисли дека актерот е многу убав и талентиран:

– Освен тоа, таа е пониска од него – додаде тој, шегувајќи се на сметка на актерот кој е висок 170 сантиметри, додека Шакира е висока 157 сантиметри.

Како што понатаму се наведува, актерот по средбата и испратил цвеќе на пејачката, а социјалните мрежи не престануваат да брмчат за нивната врска.

Да потсетиме , минатата година Шакира раскина со Жерар Пике, со кој има два сина, откако дозна дека тој ја изневерил. Таа неодамна се преселила од Шпанија со своите деца и започнала нов живот во Мајами.