Том Холанд објасни зошто ретко се појавува со Зендаја на црвениот тепих: Тоа е нејзиниот момент

Иако важат за еден од најхармоничните парови во Холивуд, Том Холанд и Зендаја ретко се појавуваат заедно во јавноста и на филмските промоции.
Во новото интервју за Men’s Health, Холанд откри дека се труди што помалку да остане во центарот на вниманието, особено кога се во прашање премиерите на проектите на неговата девојка.

Тој појасни дека дури и кога присуствува на премиерите на сериите и филмовите во кои глуми Зендаја, избегнува да оди на црвениот тепих со неа за да не и го одземе вниманието.

„Тоа не е мој момент, тоа е нејзин, а кога одиме заедно тогаш се се врти околу нас“, изјави Холанд.

Сепак, исклучок од ова се филмовите на Марвел за Спајдермен, каде ги играа улогите на Питер Паркер и МЈ. Исто така, Зендаја и Холанд повторно ќе бидат заедно во новиот филм на Кристофер Нолан, кој е продолжение на „Опенхајмер“.

Холанд изјавил и дека планира да се повлече од јавниот живот кога ќе стане татко.

„Кога ќе имам деца, повеќе нема да ме гледате во филмови“.