Во објавата за деталите од разводот, Драгана Мирковиќ изјавила дека таа и Тони веќе подолго време живеат одвоени животи, а како што дознаваат српските медиуми, речиси една година не се ни под ист покрив.
Според изворите блиски до семејството на музичката ѕвезда, Бијелиќ се отселил минатата година и времето го поминува во Хрватска, поточно во Опатија, каде што купил имот.
Драгана останала со своите деца во Виена. Тони често на социјалните мрежи објавуваше фотографии од овој град на јадранското крајбрежје, но тогаш никој не можеше ни да се посомнева во неговото целосно отсуство од дома бидејќи го поврзуваа со службени патувања.
Тој и Драгана се гледале само во ретки прилики кога станувало збор за семејни веселби, како што беше случајот со 21-от роденден на нивниот миленик Мануел, кој заедно го прославија во замокот, а последен пат заедно се појавија на концертот во Арената, кога Мирковиќ прослави четири децении од нејзината кариера.