ТОПЛЕС МОДЕЛ СТАНА НАЈСКАНДАЛОЗНАТА ПРИНЦЕЗА: Софија го освои најзгодниот принц, но јавноста ја уништи
Принцезата Софија во последно време ретко се појавува во јавноста, но секогаш кога се појавува предизвикува лавина од коментари.
Кога станува збор за скандалозните членови на кралското семејство, иако многумина мислат дека Меган Маркл е шампион, всушност светот многу пред неа зовре за убавата Софија од Шведска, која од келнерка и топлес модел станала принцеза.
Имено, сопругата на принцот Карл Филип, кој наполни 38 години, денес можеби е семејна жена и почитуван член на шведското кралско семејство, меѓутоа, во минатото приказната била сосема поинаква.
До 2005 година Софија живеела сосема обичен живот, а потоа на шведската јавност и станала позната поради учеството во реалното шоу “Paradise Hotel”. Пред тоа студирала музика во едукативен центар, студирала и работела како модел во Стокхолм, а на 20 години се фотографирала за насловната страница на магазинот “Slitz” кога позирала топлес со змија околу вратот.
Во споменатото реално шоу таа се натпреварувала со уште неколку млади и слободоумни луѓе во кој ќе остане подолго во луксузен хотел и можеби не успеа да победи, но затоа цврсто реши да оди далеку во животот.
По финалето, таа се преселила во Њујорк, каде што се запишала на сметководство на Њујоршкиот институт за англиски и бизнис, а студиите ги платила работејќи како келнерка и учителка по јога.
Инаку, принцезата Софија е наречена „развратната принцеза“ и „најскандалозниот член на кралското семејство“ и затоа што еднаш јавно се пофали дека ја запознала ѕвездата од филмовите за возрасни Џена Џејмисон во Лас Вегас, како и дека се бакнувале и размениле нежности, а ја поврзале и со Паф Деди.
По неколку години живот во Америка, Софија се вратила во татковината, а набрзо преку заеднички пријатели го запознала принцот Карл Филип – човекот кој еден ден ќе го наследи шведскиот трон! Оваа кобна средба се случила во ресторан во кој двајцата биле со своите пријатели, кои се познавале. Љубовта се запали, а животот на убавата бринета се промени преку ноќ.
Романсата беше откриена пролетта 2010 година, а потценување е да се каже дека шведската јавност беше шокирана од изборот на принцот. Ја прекоруваа за фотографиите во топлес, сомнително минато, тетоважите и пирсот во папокот… Медиумите ја распнаа, а јавноста не гледаше благонаклоно на Софија. Сепак, таа беше категорична и не се двоумеше да каже дека не се кае.
Официјалната свршувачка на парот беше објавена на 27 јуни 2014 година и тие повторно се соочија со жестоки критики од општеството, иако Софија со години се обидуваше да се прилагоди на животот во кралското семејство. Активно се занимавала со хуманитарна работа, а основала и организација која им помага на децата со посебни потреби во Јужна Африка.
“Тоа беше огромна омраза против мене како личност, луѓето беа против нашата љубовна врска. Тоа се лузни и трауми за цел живот. Тешко е да се справиш со тоа кога си сам, но имав среќа да имам љубов и поддршка од моето семејство покрај мене, сопругот и луѓето кои ме сакаат“, откри еднаш оваа бринета.
Сепак, принцот Карл Филип им стави до знаење на локалните медиуми дека нема да ги толерира нивните напади врз Софија, а оваа дама доби тим од стилисти да се прилагоди на нејзиниот иден живот.
И забранија да има темен тен, и предложија нови фризури и ја советуваа да се фокусира на класичен стил на облекување, а таа се ослободи и од пирсингот пред свадбата.
Тие ги разменија своите свадбени завети во капелата во кралската палата во Стокхолм на 13 јуни 2015 година.
Парот ги доби и синовите Александар (6), Габриел (4) и Јулијан (2), а струјата во народот се промени – Софија сега е омилен член на кралското семејство, а ги освои симпатиите за нејзината непосредност, отвореност, но и за борба за здравјето на младите.
Инаку, Софија во последно време поретко се појавува во јавноста, најмногу поради тоа што е преокупирана со грижата за своите деца. Меѓутоа, таа неодамна се појави на хуманитарен настан, а како и обично, друштво и правеше принцот Карл Филип, кој не ја криеше насмевката за својата сопруга која денес е сакана.