Бајден во потрага по втор мандат: “Легитимно е луѓето да поставуваат прашања поради мојата возраст”

Џо Бајден, најстариот американски претседател на функција, во петокот потврди дека ќе се кандидира за втор мандат на претседателските избори во 2024 година, но засега сè уште не.

„Имав намера… од самиот почеток да се кандидирам“, рече 80-годишниот демократ во интервју за ABC News.

Неговата сопруга Џил Бајден претходно во петокот за агенцијата Асошиетед прес потврди дека сега е потребно само да се одреди датумот и местото каде актуелниот претседател ќе го објави својот влез во предизборната кампања.

Запрашан да ги коментира нејзините зборови, Бајден само накратко рече дека не брза.

„Има и други краткорочни работи што треба да ги завршиме пред да ја започнеме кампањата“, рече тој.

Тој одговори дека неговата возраст не влијае на одлуката дали ќе се кандидира или не, но го разбира испрашувањето.

„Легитимно е луѓето да поставуваат прашање поради мојата возраст. Тоа е сосема легитимно“.

„Се што можам да кажам е – внимавајте што правам“, додаде американскиот претседател, веројатно мислејќи на постигнувањата во првите две години од неговиот мандат.

Доколку биде реизбран, Џо Бајден ќе го заврши својот втор мандат на 86-годишна возраст.

Резултатите од редовниот систематски лекарски преглед на кој му беше подложен минатата недела покажаа дека е „силен“ и „способен“ да ги извршува должностите претседател.