ЦУК: Сите 22 пожари на отворен простор се изгаснати, активни нема

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашнио ден имало 22 пожари на отворен простор и сите се изгаснати, и дека активни пожари нема.
 
Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно координативните активности и известувања во Секторот за операции и координација, информира дека изгаснатите 22 пожари на отворен простор биле во:
  
– Општина Илинден населба „Илинден“ (каде што горело стрниште);
– Општина Чучер Сандево, спортски аеродром „Стенковец“ (сува трева);
– Општина Новаци, меѓу с.Брод и с.Бач (стрниште);
– Општина Могила, с.Беранци (сува трева и стрниште);
– Општина Прилеп, ул. „Три багреми“ (сува трева);
– Општина Струмица, с.Смолари (сува трева);
– Општина Валандово, с.Прдејци (сува трева и грмушки);
– Општина Струга, с.Горно Татеши (стрниште);
– Општина Кичево, с.Зајас (сува трева);
– Општина Велес, с.Ораовец (сува трева и трње);
– Општина Штип, месност „Дузлак“ (сува трева);
– Општина Пехчево, с.Умлена (дива депонија);
– Општина Тетово, автопатот Тетово-Гостивар кај мостот „Боговиње“ (сува трева и грмушки) и во
– Општина – Куманово, каде што пожарникарите од ТППЕ Куманово интервенирало на девет (9) локации и тоа во: населба „Банево трло“ кај месноста „Висто“ (сува трева), месноста „Пчински пат“ (сува трева), населба „Бедиње“ (сува трева), с.Ново Село (сува трева), с.Проевце (сува тева), с.Слупчане (сува трева и стрниште), ул.„Никола Тесла“ (сува трева и стрниште), с.Романовце (сува трева и стрниште) и во с.Ваксинце (каде што горела сува трева).

Од ЦУК, исто така, информираат дека паралелно со дејствувањето врз пожари на отворено, пожарникарите имале и повеќе интервенции на запалени различни објекти во населени и урбани места во државата.