„Израелската стока е во оптек на иранскиот пазар“ изјави претседателот на иранскиот Парламент

 – Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Багер Галибаф, повика на изработка на листа на израелска стока во Иран и побара Владата да го спречи увозот на таа стока во Иран.

Иранската новинска агенција ИРНА објави дека Галибаф им се обратил на пратениците во иранскиот Парламент и во својот говор укажал на членовите во иранскиот Устав за „поддршка на палестинскиот народ во сите аспекти“ и „спротивставување на непријателските ставови на ционистичкиот режим против мирот и безбедноста“.

„Министерството за надворешни работи треба да направи листа на стока поврзана со компаниите чии главни акционери се Израелци. Владата е должна да преземе неопходни мерки да го спречи увозот на тие производи“, рекол Галибаф.

Тој побарал од Парламентарниот одбор за национална безбедност и надворешна политика да следи дали релевантните закони се спроведуваат.

Иако, според членот 123 на иранскиот Устав, забрането е тргување со производи на израелски компании, познато е дека во Иран се продаваат голем број производи од израелско потекло.

– „САД купуваат иранска тeшка вода“

Во своето обраќање одржано во Техеран на 9 декември, иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Амир-Абдулахијан рече дека САД купуваат тешка вода од иранско производство што се користи во нуклеарните реактори.

„САД купуваат иранска тeшка вода преку посредници“, рече Абдулахијан.