ТОП 10 ФИЛМОВИ БЕЗ КОИ ПРАЗНИЦИТЕ СЕ НЕЗАМИСЛИВИ: Тотална сигурност за Нова година, кој и да го гледате, нема да погрешите

Пред вас е листа на филмови што мора да се погледнат за Нова Година и Божиќ. Некои од списокот сме го гледале „малку милион пати“, но тоа не го менува празничното расположение.

1. Сам дома

Филм за кој знаевте дека ќе се најде на листата, па веднаш да го „решиме“ на старт. Сите горе-долу ја знаат приказната, па нема да ја прераскажуваме.

Затоа, да откриеме неколку други интересни факти за оваа безвременска класика. Со буџет од само 18.000.000 долари, заработи речиси 500.000.000 долари на кино благајните ширум светот, а Џо Пеши го избегнуваше Калкин во текот на целото снимање за Калкин да помисли дека тој всушност е злобен.

2. Умри машки

Умри машки, од 1988 година, е првиот од серијата филмови во кои Брус Вилис го игра полицаецот Џон Меклејн, кој секогаш се наоѓа во опасни ситуации. Њујоршкиот полицаец Џон Меклејн патува во Лос Анџелес за да ја посети својата сопруга Холи, која постигна успешна кариера во мултинационалната компанија Накатоми. Меклејн пристигнува во Лос Анџелес на Божиќ и нема поим дека настаните што следуваат ќе ја нарушат неговата средба со семејството, бидејќи во исто време група германски терористи, предводени од Ханс Грубер, ја окупираат зградата.

Претседателот Накатоми Тагаки е убиен, а работниците стануваат заложници на Грубер. Меклејн ќе тргне во акција за ослободување на заложниците. Овој филм не е баш класичен божиќен филм, но секако е забавен и ненадмината класика. Има уште четири продолженија, а второто е исто така сместено за Божиќ.

3. Смртоносно оружје

Малку акција не недостасува! Легендарното „Смртоносно оружје“ од 1987 година е веќе многу позната приказна за двајца полицајци, едниот самоубиствен манијак, а другиот кој е пред пензионирање, уморен од својата служба, која нема да го поштеди од опасните полициски авантури. Поради жешкото сонце во Лос Анџелес, многу луѓе го губат од вид фактот дека овој филм се случува на Божиќ.

4. Serendipity – Играта на судбината

Романтична Божиќна приказна за случајноста што може да зближи двајца луѓе во празничната еуфорија. Џон Кјузак го толкува ликот на Џонатан Трагер, кој сака да купи пар кашмирски ракавици во стоковна куќа и ја запознава Сара Томас, која ја игра Кејт Бекинсејл. Меѓутоа, бидејќи и двајцата беа во силни врски, таа средба не беше пресвртница во нивната врска. Но… неколку години подоцна, тие се обидуваат да се најдат во Њујорк.

5. Дневникот на Бриџит Џонс

Одличната Рене Зелвегер ја толкува улогата на Бриџит Џонс, а овој романтичен новогодишен филм се здоби со популарност меѓу другото и благодарение на нејзината извонредна глума.

Иако дејствието на филмот не се одвива целосно за време на Божиќ и Нова Година, некои од важните сцени се случуваат за време на овие празници, а празничниот дух е присутен низ целиот филм.

Британката Бриџит Џонс е девојка која често претерува со пури и алкохол, а статусот на сингл девојка на триесет и две години и создава проблеми со нејзината мајка која не може да го прифати и ја запознава со скромниот адвокат Марк ( Колин Фирт) на божиќна забава.

Сепак, Бриџит има око на нејзиниот шеф, заводникот Даниел Клевер, кој го игра шармантниот Хју Грант. Интересен сплет на настани и комични ситуации ќе ви го разбуди новогодишниот дух, ќе ве опушти и ќе ви го задржи вниманието час и половина.

Инаку, филмот е создаден според истоимениот роман на Хелен Филдинг, а приказната за Бриџит Џонс можете да ја следите во вториот и третиот дел од овој филм.

6. Одмор

Филмот е напишан токму за ликовите на Камерон Дијаз, Џек Блек, Кејт Винслет и Џад Лоу. Им се допадна и сценариото, ги прифатија улогите и добивме забавен празничен филм во кој две дами од различни делови на светот си ги разменуваат домовите и ја пронаоѓаат вистинската љубов.

7. Непослушен Дедо Мраз

Били Боб Торнтон глуми клошар кој живее со мамење луѓе, а целата заработка ја користи за да купи алкохол. Но, сето тоа се менува кога ќе запознае момче… Како што пишуваше во сценариото дека Дедо Мраз во овој филм е пијаница, тогаш Били Боб дојде на сетот „под гас“ за да ја одигра улогата што е можно поверно. . Еднаш колабирал поради алкохолно труење од премногу црвено вино, вотка и пиво.

8. Луди божиќни ѕвона

Во 90-тите, Арни беше синоним за заработка, па сценариото за овој божиќен филм беше брзо изготвено. Накратко, тој се обидува да најде играчка што е распродадена во сите продавници за да го израдува неговиот син. Во филмот беа вложени огромни 120.000.000 долари, а на кино благајните тој заработи приближно двојно повеќе.

9. Прекрасен живот

Во овој класик, ангел го посетува главниот лик за да му покаже како би изгледал светот доколку тој никогаш не бил роден…

10. Всушност љубов

Имаме можност да погледнеме осум различни приказни, различни проблеми и амбиции за време на празничната сезона на Островот во овој филм. Со буџет од околу 40 милиони долари заработија кул 250.000.000 долари на благајните.

Бонус филмови: Кошмарот пред Божиќ, Елф, Поларен експрес, Едвард Ножички, Гремлинс. Лудиот професор, Ледено доба…