Торнадото што го погоди северниот дел на Хаити повреди повеќе од 50 луѓе и уништи повеќе од 200 домови, соопштија денеска ОН.
Торнадо ја погоди заедницата Басен-Блу во вторникот, оставајќи повеќе од 300 семејства без покрив над главата, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.
Канцеларијата соопшти дека најмалку 10 лица се тешко повредени, а локалните медиуми јавуваат дека се хоспитализирани.
Канцеларијата објави дека Агенцијата за цивилна заштита на Хаити и Црвениот крст биле првите што реагирале и ја проценуваат штетата, пренесува АП.
Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека се очекуваат обилни дождови во поголемиот дел од Хаити, вклучително и во областа погодена од торнадото, предупредувајќи за можни поплави и лизгање на земјиштето.