Немате идеја што да подготвите за десерт, но навистина сакате да јадете нешто слатко? Напревете ја оваа едноставна торта со јаболка која се прави брзо и лесно и има одличен вкус…
Состојки:
1 кг јаболка
шолја шеќер
масло, брашно,
1 шолја гриз
120 г путер
10 г прашок за пециво
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО:
Подготовка:
Измешајте ги сите суви состојки и поделете ја смесата на два дела. Јаболката изрендајте ги. Обложете со хартија за печење калап со дијаметар од околу 20 см и на дното ставете еден дел од сувата смеса, потоа ред јаболка, па уште еден ред сува смеса – и така додека не ја потрошите сувата смеса и јаболката. Последниот слој од ренданите јаболка прелијте го со сок од јаболко, намачкајте го последниот дел од сувата смеса, па наредете го путерот исечкан на ленти.Печете 60 минути на 180 степени. На крајот посипете го колачот со шеќер во прав и послужете.
Уживајте!