Отишол по торта, уплати на лотарија и освои 33 милиони евра: Ден подоцна со еден потег шокираше многумина

Канаѓанец го добил џекпотот „Лото Макс“ од 36,5 милиони американски долари (околу 33 милиони евра), а добитниот тикет сосема случајно го купил во локален супермаркет.

Пјер Ришер од Монтреал дошол во продавницата со својата ќерка за да и’ земе торта, а потоа платил 10 долари за два талони.

Ричер за медиумите изјави дека за добивката дознал ден по извлекувањето. Неговото дете било пресреќно и вриштело од среќа, пренесува USA Today.

И покрај неверојатните вести, тој остана опуштен и продолжи со активностите во денот.

Очигледно, Канаѓанецот не бил „заслепен“ од ненадејното богатство, бидејќи ден подоцна, во понеделникот, се појавил на работа!

Така, човекот направи нешто што на многумина сигурно ќе им биде неверојатно…

„Не можам да ги оставам. Без мене одделот за достава нема да биде ист“, изјави Ричер, кој работи во угостителска компанија.

Можеби изгледа рамнодушно, но 33 милиони евра суштински ќе го променат животот на членовите на семејството.

Ричер открива дека веќе имаат планови со парите.

„Ќе купиме куќа, нов автомобил и ќе одиме на одмор. Во суштина, тоа е сè“, рече тој, нагласувајќи дека ќе продолжи редовно да доаѓа на работа.

На крајот продавницата која го продаде добитното ливче ќе добие провизија од еден процент која изнесува 365.000 долари или околу 333.000 евра.