Кралот Чарлс до принцот Хари: Сине, ти си будала! Одекнаа навреди на британскиот суд!

Страстите во британскиот двор не стивнуваат по контроверзниот документарец на Нетфликс во кој принцот Хари и Меган Маркл го истакнаа лошиот третман на кој била изложена Меган. Сигурни извори блиски до кралот Чарлс велат дека кралот го нарекол својот син будала.

Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс сè уште не е подготвен да го види својот помлад син Хари што ја поттикна британската јавност да се запраша колку силно кралот бил погоден од контроверзниот документарец во кој парот наведе неколку примери на негативен третман од страна на кралското семејство.

Експертот за британското кралско семејство, Омид Скоби, објави книга за војводата од Сасекс и неговата сопруга, во која тврди дека кралот Чарлс го нарекол својот помлад син „будала“ по документарниот филм на Нетфликс за принцот Хари и Меган Маркл.

Скоби во книгата „The Ending“ ги повтори тврдењата на принцот во документарецот дека кралското семејство не разбира зошто на војвотката од Сасекс и’ е потребен „специјален третман и заштита“ откако парот изрази загриженост за третманот што го доби Маркл од британските таблоиди., објави Тајмс, повикувајќи се на Сан.

Се верува дека Сан зел делови од англиската верзија на книгата, додека во француската верзија имало тврдења дека кралот одбил да се сретне со својот син, велејќи дека е премногу зафатен и дека Кетрин, принцезата од Велс, „потрошила повеќе време зборувајќи околу Меган, отколку со Меган“.

Шпекулациите за книгата ги натераа Хари и Меган да негираат вмешаност, меѓутоа, војвотката подоцна откри дека „дала белешки“ на помошник пред да се сретне со авторот. Војводата и војвотката од Сасекс го напуштија кралското семејство во 2020 година и оттогаш живеат во Калифорнија, навидум исклучени од животот на кралското семејство, особено по познатото интервју со Опра Винфри.