ТОТЕНХЕМ СЕРИОЗНО НАПАЃА КОН ТИТУЛАТА ВО ПЕРМИЕР ЛИГАТА – Освои три важни бода на тешко и драматично гостување

Фудбалерите на Тотенхем победија на гостувањето кај Кристал Палас со 2:1, во првиот натпревар од десеттото коло во Премиер лигата.

Тотенхем ја освои осмата победа од почетокот на првенството, трета во низа и е прв на табелата со 26 бодови, односно моментално има пет бода повеќе од Манчестер Сити и Арсенал, а шест од Ливерпул.

Од друга страна, Кристал Палас и понатаму е на 11. позиција со 12 освоени бода.

По првото полувреме без голови, Тотенхем поведе во 53. минута со автоголот на Џоел Вард, а Сон го удвои водството на гостите во 66. минута. Конечните 2:1 ги постави Џордан Ају со гол во 94. минута.

Во следното коло од Премиер лигата, Тотенхем на домашен терен ќе се соочи со Челзи, додека Кристал Палас ќе гостува кај Барнли.