Тошковски: Австрија и Хрватска дозволуваат движење на македонските граѓани со стари пасоши

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмачалиев во текот на денешниот ден остварија работна средба со амбасадорот на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ. На средбата министерот Тошковски се заблагодари за досегашната соработка и изрази уверување дека таа и во иднина ќе продолжи да се развива со непрестаен интензитет.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмачалиев изрази благодарност за досегашната соработка и уште еднаш ја истакна посветеноста за развој на слободни, фер и демократски избори.

Амбасадорот Тигањ ја истакна долгогодишната соработка и ја претстави Република Хрватска како наш најголем поддржувач во евроинтегративните процеси. Во однос на проблемот со патните исправи, амбасадорот Тигањ изјави дека Република Хрватска го разбира проблемот и дека граѓаните на Македонија имаат непречено движење на хрватска територија и со старите облици на патни исправи доколку имаат рок, за што министерот Тошковски изрази голема благодарност. .