Министерот за внатрешни работи Панчe Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека се поднесени кривични пријави против 34 физички и три правни лица за сторени кривични дела „тешки дела против општата безбедност“ во врска со предизвикување јавна опасност, при што едно лице е обвинето и за примање поткуп.
„МВР веднаш ги активираше сите капацитети, од обезбедување на местото на трагедијата, евакуација и опоравување на повредените, регулирање на сообраќајот, до логистичка поддршка за нивно транспортирање и лекување, како внатре, така и надвор од државата.
Веднаш биле изготвени итни патни исправи, како за повредените, така и за нивните најблиски кои патуваат со нив. Воедно, полициските структури останаа посветени на истражните дејствија и расчистување на случајот“, рече Тошковски.