Министерството за внатрешни работи ќе одговори на секој предизвик, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прашањето за информациите за дестабилизација на државата што владините претставници ги изнесоа во јавноста. Премиерот Христијан Мицкоски и министрите од ВЛЕН изјавија дека ќе се организираат немири бидејќи наесен ќе се отворат постапки против поранешни високи функционери.
„Доколку има предупредувања за немири оваа есен во однос на протести и слично… Да, такви информации имаше во изминатиот период, од повеќе причини. Дали ќе успееме? Да“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.
Но, Тошковски се согласува со претседателката Гордана Силјановска Давкова за сериозноста на ваквите информации.
„Има информации, но мислам дека во овој момент не е нарушена безбедноста до степен до кој е повикан Советот за безбедност“, рече Тошковски.
Владините функционери за евентуалната дестабилизација директно ја споменуваат ДУИ, од каде што претходно потенцираа дека ваквите изјави се невистинити и се политички блеф, но не ја исклучуваат можноста да се организираат протести со цел да се заштити гласот на Албанците и против. како што рекоа, напори за мнозинство.