Тој беше љубовта на Уснија Реџепова! Работел како професор, тргнал по стапките на кралицата на ромската музика, а пред смртта ја скршил со една реченица (фото)

Уснија Реџепова денеска ќе го прославеше својот 78 роденден. Кралицата на ромската музика, како што многумина уште ја нарекуваа, почина на почетокот на октомври 2015 година, во Белград.

Од 1978 година, инаку, таа беше во брак со Светомир Шешиќ, кого го викаа Шеле. По завршувањето на академијата, извесен период работел како професор по музика, пишуваа тогаш медиумите, а со текот на времето станал уредник на Музичкиот оддел на Првата програма на Радио Белград. На сцената, пак, се реализираше како аранжер, композитор и хармоникаш кој со својот оркестар ги придружуваше најголемите имиња во пеењето, меѓу кои и самата Уснија.

Усните на Реџепова

Знаеше дека сум негова

– Навреме го запознав човекот на мојот живот. Шеле е хармоникаш кој ме направи емотивно смирена. На турнејата во Германија го возевме истиот автомобил и тогаш се запознавме. Бев импресионирана од неговата енергија и трудољубивост додека влечеше кабли, преговараше со организаторите и успеваше да свири два концерта дневно. Во сите овие години брак никогаш не направи ниту една љубоморна сцена. Многумина ми се додворуваа, но Шеле знаеше дека сум негова. Некогаш му приоѓаше на додворувачот и на шармантен начин му кажуваше дека сум зафатена, а другпат само се насмевнуваше и ми кажуваше дека треба да одиме на проба. Заедно создадовме прекрасен дом, но не можевме да имаме деца. Едноставно не функционираше. Одамна емотивно го обработив тој факт и продолжив да уживам во животот – изјавила таа своевремено а потоа додаде дека во нивното семејство имало многу деца на кои им ја подарувале својата љубов и внимание.

Веста за нејзината смрт дојде на крајот на јули 2013 година, по жестока битка со ракот на панкреасот.

– Таа многу страдаше пред да го напушти овој свет. Шеле ѝ беше партнер толку долго, заедно стекнаа сè, но Уснија беше таа која беше ѕвезда, имаше уште многу и пред него, а за време на бракот со него заработи повеќе. Пред неговата смрт, луѓето го прашале кому ќе ја остави луксузната куќа на Душановац, а тој рекол: „Па, на мојата Уснија.“ Штом умрел, неговото семејство ја посетило Уснија, која во тоа време веќе боледувала од рак на белите дробови за да ја замоли да им ги потпише хартиите дека сè е нивно. И куќата и сè што поседувале. Тоа ја скрши – тврдеше една пејачка, а потоа додаде:

– Такво разочарување доживеа од сопругот. Не ни сонувала дека тој може да ја изневери на толку страшен начин. Плачеше со денови. Можам да кажам дека го забрза прогресот на нејзиниот рак на белите дробови. Таа умираше. Единствено што ѝ паѓаше на ум беше предавството што го доживеа од него.

„Не сакам да живеам. Колку само создадов, колку патував низ светот и се мачев. Мислев дека имам некој што ме сака. Сега сè е залудно. Разочарана сум и убиена, поради него ми се слоши“, ми рече еднаш кога се запознавме – изјави своевремено за српскиот портал „Република“ колешка на Реџепова, инсистирајќи на анонимност, според тогашните написи.

Извесна госпоѓа со уште три пејачки, инаку, била со Уснија до самиот крај на животот.