Ѓоковиќ со приватен авион пристигна на скијање во Италија: По Бред Пит – Новак! Сите се воодушевија кога го видоа Србинот (ФОТО)

Одмор и време за стара љубов – скијање.

Новак Ѓоковиќ пристигна во Италија на одмор, а неговото доаѓање не можеше да помине без големо внимание.

Српскиот ас слета со приватен авион на аеродромот во Болцано, од каде се упати кон блискиот познат ски-центар Вал Гардена.

Како што пишува порталот „ rainews “, доаѓањето на Новак привлече големо внимание кај присутните на аеродромот кои сакаа да се сликаат со српскиот ас или да добијат автограм.

Како што пишуваат Италијанците, ова не е првпат голема светска ѕвезда да пристигнува во Болзано, бидејќи минатата година ја имаа честа да им гостува Бред Пит.

Инаку, добро е познато колку Ѓоковиќ го сака скијањето. Овие фотографии од еден од зимските одмори најдобро го потврдуваат тоа:

Новак Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ
Јелена Ѓоковиќ, Новак Ѓоковиќ