ТОЈ Е БУДЕН, НО … Познатиот актер морале да го оживеат лекарите, состојбата се уште не е подобрена: „Со денови беше неизвесно…“

Блиски извори ја открија состојбата на Џејми Фокс, кој се уште е во болница, а лекарите мораа да го оживеат.

Џејми Фокс бил неколку секунди подалеку од катастрофа откако претрпел застрашувачка медицинска криза, дознава Радар онлајн.

На 11 април, актерот итно бил префрлен во болница во Атланта, откако му се слошило за време на снимањето на проблематичниот филм „Back in Action“ со Камерон Дијаз и Глен Клоуз.

„Џејми доживеа сериозна медицинска епизода и му требаше итна помош“, изјави извор близок до него.

„Лекарите мораа да го оживеат, со денови беше неизвесно. Среќен е што е жив“, вели изворот.

„Џејми боледува од висок крвен притисок, за кој лекарите велат дека може да предизвика згрутчување на мозокот, што доведува до мозочен удар. Ако не постапеа брзо, актерот ќе беше мртов…

Дијаз откри дека актерот се однесувал проблематично за време на снимањето.

„Не беше забавно да се биде во негова близина, особено за Камерон. Но сега се чини дека имал добра причина за тоа“, открил изворот, а како што тврди, актерот моментално е буден и реагира на стимули.