“ТОЈ Е КАКО МУТАНТ, ГО МРАЗИ ЧОВЕШТВОТО!“ – Илон Маск жестоко го нападна и му се нафрли на Џорџ Сорос: “Сака да ги уништи темелите на зивилизацијата…“

Еден од најбогатите луѓе во светот и сопственик на социјалната мрежа Твитер, Илон Маск, го спореди Џорџ Сорос, мултимилионер и заштитник на невладините организации, со еден од главните негативци од стриповите на MARVEL– мутантот Магнето.

Магнето е прикажан во стрипот „Venom“ како моќен мутант, измислен подвид на луѓе родени со натчовечки способности, способен да создава и контролира магнетни полиња. Магнето е опседнат со идејата за супериорност на мутант над луѓето.

Џорџ Сорос сака да го уништи самото ткиво на цивилизацијата. Го мрази човештвото“, изјавил сопственикот на социјалната мрежа Твитер, а пренесуваат светските медиумски агенции.

Инаку, изминативе денови на социјалните мрежи се шири вест за наводна смрт на финансиерот Џорџ Сорос од срцев удар, а подоцна гласините ги демантираше самиот тој, споделувајќи објава на социјалната мрежа Твитер дека е жив и здрав.