ТОЈ Е НАЈГОЛЕМИОТ ЗАВОДНИК ПОМЕЃУ СПОРТИСТИТЕ – Ја изневерил сопругата точно 121 пат, но и покрај се, таа му го спасила животот !?
Тајгер Вудс можеби е најдобриот играч на голф на сите времиња, но дефинитивно е експерт за уништување на бракови и врски.
Тајгер Вудс имаше огромен број жени покрај себе, ги освојуваше срцата познати и помалку познати дами, тој едноставно не избираше. Сигурно најпозната меѓу нив е познатата скијачка Линдзи Вон.
Американецот покрај себе имаше две порно актерки, Холи Сампсон и Девон Џејмс. Покрај нив имаше и хостеси, манекенки, менаџерки, студентки, спортистки…
Тајгер Вудс во еден момент од животот реши да се ожени. Тој се заљубил во атрактивната Швеѓанка Елин Нордегрен, со која има две деца. Но и тоа не го смири. За време на бракот ја изневерил несреќната девојка дури 121 пат. И покрај тоа, таа дури во една прилика му го спасила животот. Таа претходно го бркала низ куќата со палка за голф затоа што нашла пораки на неговиот телефон со друга жена. Успеал да побегне од куќата, влегол во автомобил и со голема брзина излетал. Елин Нордегрен на крајот го спасила со тоа што се јавила на 911 и сама го скршила стаклото и му помогнала да излезе од урнатиот автомобил.
Сопругата му простила се и сешто, но не можела да го поднесе изневерувањето со 21-годишната ќерка на нивниот прв сосед. Таа со одлука на судот го осиромашила за околу 350 милиони долари.
Тајгер Вудс, не за парите, правеше се што можеше за да ја врати Елин Нордегрен, но тој воз одамна замина. Извори блиски до познатиот голфер велат дека тој никогаш не закрепнал од тоа раскинување.