„Тој е убав, згоден, вистинска алфа!“ – Јелена Карлеуша маѓепсана и заљубена: Пејачката преку објава на Инстаграм ги израдува обожавателите со убава вест
Јелена Карлеуша е жена која на дело ја покажува својата хуманост и тоа кога е најпотребно. Сите знаеме за нејзиниот подвиг кога посвои неколку животни, донираше неколку материјали, пари и храна во засолништата и мотивираше многу луѓе да го сторат истото.
Сепак, најинтересната приказна за публиката е приказната која од тажна се претвори во вистинска бајка кога Јелена Карлеуша ја посвои Алфа – куче кое претрпе тортура и малтретирање.
Алфа било среќно куче кое ја давало својата доверба и љубов на погрешни луѓе кои брутално му ги осакатиле предните шепи.
Таа приказна ја потресе Јелена Карлеуша, која реши тогаш да му пружи ветеринарна нега и да ги вложи сите потребни средства, но пред се љубов, за повторно кучето да го живее животот каков што заслужува – полн со радост, безгрижност и среќа.
Сега таа му се обрати преку социјалната мрежа Инстаграм, и ги испрати најубавите зборови, како борец кој излегол победник, во чија борбеност и храброст и самата е вљубена.
„Тој е модел, тој е манекен, тој е Алфа. Бел е, убав е! Нему му се случи голема катастрофа, оваа голема неправда е од најопасните животни на оваа планета“, вели Јелена Карлеуша и со овие зборови многу следбеници беа воодушевени, бидејќи таа реши да ја продолжи борбата со Алфа и храбро да чекори со него низ сите наредни пречки и успеси.