ФОТО | Тимчо Муцунски: “Новогодишната магија пристигна во Аеродром“

Општина Аеродром го заврши со украсувањето за новогодишните празници, спроведено со сопствени средства.

Сите поголеми паркови и поважните места, локации кои се во надлежност на општината се украсени со новогодишни светилки и празнични декорации. Да ги направиме празниците поубави и да уживаме во новогодишната магија и во Аеродром“, напиша градоначалникот Тимчо Муцунски во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

По минатогодишната пауза поради енергетската криза, како што наглсува, оваа година празничната атмосфера повторно се доближува до граѓаните.

Празничната атмосфера ја доближуваме до граѓаните и внесуваме дополнителна радост и позитивна енергија во секојдневното живеење“, пишува Тимчо Муцунски, кој воедно ги кани граѓаните на новогодишниот настан за храна, вино и вода што ќе одржи од 25. до 27. декември во паркот „Авион“.