“ТОЈ ЗНАЕ ШТО ЗБОРУВА!“ – Во својот говор Владимир Путин употреби еден многу значаен збор: “Го искористува стравот на Русите…“ – што порача претседателот на Русија !?
Во своето прво обраќање по бунтот предводен од Евгениј Пригожин, рускиот претседател Владимир Путин им се заблагодари на борците и командантите на платеничката група Вагнер кои се повлекоа за да избегнат крвопролевање, но исто така вети дека ќе ги казни одговорните за бунтот.
Во своето обраќање до нацијата, Владимир Путин вети дека одговорните за вооружениот бунт што ја втурна неговата земја во хаос ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Тој кажа дека ќе го почитува своето ветување и дека ќе дозволи борците на Вагнер да бидат префрлени во Белорусија, доколку сакаат, да потпишат договор со Министерството за одбрана или едноставно да се вратат кај нивните семејства.
Владимир Путин кажа и дека Русија во саботата докажала дека секоја „уцена“ е осудена на неуспех. Тој не го спомна лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој го започна вооружениот бунт.
„Ви благодарам за вашата издржливост, вашето единство и вашиот патриотизам. Оваа солидарност на граѓаните покажа дека секоја уцена (…) е осудена на пропаст“, вели тој во обраќањето до нацијата, пред да им понуди на војниците на паравоената група да потпишат договор со редовната Армија, да се вратат кај своите семејства и блиски или да одат во Белорусија.
„Мнозинството во Вагнер се исто така руски патриоти. Тие ја покажаа својата храброст во одбраната на Донбас, но беа охрабрени да се борат против своите сонародници“, вели Владимир Путин и додава: „Со враќањето назад избегнаа понатамошно крвопролевање“.
Владимир Путин му се заблагодари и на белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој наводно посредувал во договорот за ставање крај на кризата.
Професорот на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Сергеј Радченко изјави дека Владимир Путин го употребил рускиот збор за „бунт“ за време на својот говор за да ги заплаши Русите и да ги натера да се обединат околу него, пишува BBC.
„Тој вели дека може да има ненадеен бунт или граѓанска војна“, објаснува Сергеј Радченко, додавајќи дека Владимир Путин вели дека е „одлично“ што рускиот народ покажал поддршка за неговиот режим минатиот викенд.
„Тој го искористува стравот на Русите од неизвесност за да го зацврсти својот авторитет, но нема сомнеж дека неговиот авторитет е сериозно поткопан“, објаснува Сергеј Радченко за BBC.
Професорот вели дека поентата од обраќањето на Владимир Путин е всушност оваа: „Да не бев јас, секој ден ќе ви беше хаотичен“.
Сергеј Радченко исто така кажал дека Владимир Путин се чини дека сугерирал дека на Вагнер повеќе нема да му биде дозволено да дејствува на територијата на Русија.
Дијана Магнеј, дописничка на Sky News од Москва, истакна дека Владимир Путин никогаш не го спомнал Евгениј Пригожин за време на неговиот говор и дека рускиот претседател нема навика јасно да им дава до знаење на своите непријатели дека ги смета за противници.
„Владимир Путин кажа дека вооружениот бунт предводен од Евгениј Пригожин е токму она што го сакаат Киев и Западот – братоубиство, конфликт на Русите против Русите. Овој криминален чин може да се надмине само со консолидација на руското општество. Сепак, дали руската јавност сака да се обедини околу оваа цел ? Никој не ја праша, а најмалку Владимир Путин и неговите луѓе“, вели дописничката за споменатиот медиум.
Евгениј Пригожин се повлече по опсежни преговори во кои учествуваше и белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Владимир Путин се плаши од фрагментарно општество и мора да нагласи дека обидите за уништување на Русија нема да успеат. Меѓутоа, саботното „востание“ покажа дека е започнато и дека рускиот претседател трча наоколу обидувајќи се да ги прикрие тие пукнатини.
Русија сакаше Владимир Путин да и го покаже патот напред, но дали тој навистина успеа да го направи тоа за време на неговото владеење – останува да одлучи историјата.
Како ќе заврши озогласениот Евгениј Пригожин ? Не е познато.