Тој како бездомник а таа како кукла за возрасни: Романтичниот ручек на Канје Вест и неговата сакана на клупа во парк, а еве што јадеа (фото)

,,Таа се облекува како секс кукла, а тој како бездомник”, се коментарит под фотографиите на раперот Канје Вест (45) и неговата нова сопруга Бјанка Ценсори (28).

Откако добија доживотна забрана за возење чамец во Италија, а Бјанка беше пријавена во полиција поради неколкуте проблеми кои ги правешше во јавноста, парот пристигна во Германија.

Раперот ставил маица преку глава и облекол качулка, панталони и чевли кои личат на чорапи. Бјанка се појави во проѕирен комбинезон и зашилени потпетици.

Фотографитњ ги снимиле додека седеле во парк и јаделе ќебапи.

„Првпат кога Канје прави нешто нормално“, „Кога ќе те одведе на скара после излегување, а ги изгубил патиките и паричникот, па мораш да му дадеш пари за такси“, коментирале многумина.