ТОЈ ПУКАЛ ВО ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА! Го повикал да се ракува, извадил пиштол и испукал ПЕТ КУРШУМИ! (ВИДЕО, ФОТО)
Премиерот на Словачка Роберт Фицо е ранет во обид за атентат пред зградата на Владата во Хандлова, тој е во тешка состојба и беше опериран. Како што објави порталот „Хосподарске новини“, Јурај Цинтула (71), познат словачки писател и опозиционер, пукал во Фицо.
Го покани премиерот Фицо да се ракува, а потоа извадил пиштол и испукал дури пет куршуми во него!
Footage of Slovak Prime Minister Fico being taken to his car following assassination attempt. pic.twitter.com/jVkEtGZ87M
— Clash Report (@clashreport) May 15, 2024
Цинтула е роден во 1953 година и е еден од основачите на литературниот клуб ДУХА во 2005 година, пренесува „AC24.cz“. На чело на тој клуб беше до 2016 година, објави три збирки песни.
Тој во 2016 година работел и во трговски центар каде бил вработен само еден ден бидејќи бил претепан.
Според неофицијални информации Фицо бил застрелан во рацете и телото. По владината седница тој излезе во јавноста и беше застрелан од Јурај Цинтула, кој веднаш беше совладан и уапсен.
ŽIVĚ: Atentát na Fica. Kdo je údajný střelec? / ZDE: https://t.co/o4rPyANn7E #slovakia #fico
— AC24.cz (@AC24cz) May 15, 2024
Според очевидци, Фицо им пришол на граѓаните по владината седница во Хандлова, кој се наоѓа на околу 150 километри од Братислава.
Откако телохранителите го оддалечиле Фицо од местото, тој бил префрлен во хеликоптер, а потоа во болница, а напаѓачот веднаш бил уапсен.