ТОЈ СЛАВИ КАКО ДА ПОБЕДИЛЕ – Ѕвездата на Манчестер Јунајтед по дебаклот се забавувал до сабајле, а Ерик Тен Хег без зборови: “Неприфатливо однесување…“

Два дена пред неговиот 26-ти роденден, Маркус Рашфорд имаше, како и целиот тим на Манчестер Јунајтед, натпревар за заборав. На домашен терен беа во целосна доминација на градскиот ривал Манчестер Сити, кој на крајот победи со 3:0.

Сепак, поразот не го спречи Маркус Рашфорд истата вечер да излезе на забава.

Како што пренесува Daily Mail, Англичанецот отишол во ноќен клуб за да го прослави својот роденден, каде што организирал ВИП простор само за себе и своето друштво, во кое бил и неговиот соиграч Тајрел Маласија, заедно со семејството и пријателите. Во текстот се вели дека прославата траела до раните утрински часови, но Маркус Рашфорд сепак се појавил на тренингот на Манчестер Јунајтед.

Доколку случајно славеше во рок од 48 часа од следниот натпревар, Маркус Рашфорд ќе добиеше казна, но вака го избегна тоа сценарио. Сепак, тренерот на „Црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, кој и самиот е на удар поради лошите резултати, не беше задоволен од тоа како се однесувал Маркус Рашфорд:

Ваквото однесување е неприфатливо. Разговаравме и Маркус Рашфорд се извини. Тука завршува дискусијата. Направи грешка, но тоа не значи дека не се вклопува. Секојдневно гледам што прави на тренинзите“, истакна холандскиот тренер.

Маркус Рашфорд во сезоната 2022/23 заврши како најдобар стрелец на Манчестер Јунајтед со 32 гола во сите натпреварувања, но не успеа да ја повтори својата форма оваа сезона откако потпиша нов договор од 300 илјади фунти неделно ова лето. Неговиот недостиг на придонес доведе до пад на табелата каде Манчестер Јунајтед сега заостанува 11 бода зад лидерот Тотенхем по нивниот петти пораз сезонава.