ТОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ШОЈГУ – Кој е Андреј Белоусов: Се споменуваше дури и како наследник на Путин, а со него дели ЕДНА ВАЖНА РАБОТА!
Рускиот претседател Владимир Путин предложи назначување на Андреј Белоусов за министер за одбрана.
Белоусов, кој ќе биде наследник на актуелниот министер Сергеј Шојгу, е роден на 17 март 1959 година, а дипломирал економија на Државниот универзитет во Москва.
Од 1981 до 1986 година, д-р Андреј Белоусов бил истражувач во лабораторијата за таканаречени системи „човек-машина“ на Математичкиот институт.
Во периодот од 1991 до 2006 година е прв човек на Институтот за економски прогнози, под покровителство на Руската академија на науките.
Медиумите јавуваат дека од 2000 до 2006 година бил надворешен советник на премиерот на Русија, потоа две години работел како заменик министер за финансии, економија и трговија, а од 2008 до 2012 година бил директор за финансии на Владата на Русија.
Кога Дмитриј Медведев ја презеде функцијата премиер на Русија во 2012 година, тој беше назначен за министер за економски развој, а во 2013 година стана советник на претседателот за економски прашања.
Откако Мишустин го замени Медведев како премиер, Белоусов беше назначен за прв вицепремиер.
Russian President Vladimir Putin has announced the Appointment of Andrey Belousov to the Post of Minister of Defense; it is Unclear what has happened to Sergei Shoigu, though there are Rumors of both his Retirement and his Removal from his Position by President Putin. pic.twitter.com/jCFaZl0d0f
— OSINTdefender (@sentdefender) May 12, 2024
Од 30 април до 19 мај 2020 година, Белоусов беше вршител на должноста премиер на Русија, привремено на местото на Михаил Мишустин, откако му беше дијагностициран корона вирусот.
Како што пренесува Политико, тој е еден од можните наследници на претседателот Владимир Путин.
„Функционерот на Кремљ Андреј Белоусов (60) се смета за еден од можните наследници откако минатата недела беше именуван за прв заменик-премиер, на истата позиција од која Медведев беше избран за претседател. Синот на истакнат советски економист, Белоусов беше назначен за економски советник на Путин во 2013 година и стана претседател на одборот на државниот нафтен гигант Роснефт. Тој го дели светогледот на Путин во стилот на КГБ, верувајќи дека Русија е опкружена со „прстен од непријатели“, според извештаите“, напиша тогаш Политико.
Оженет е и има син.