ТРАГЕДИЈА ВО БиХ – Малолетно момче починало поради прострелна рана со воздушна пушка, полицијата тврди: “Учесниците на немилиот настан биле малолетници…“
15-годишно момче од Брчко, Босна и Херцеговина починало како резултат на прострелна рана од истрел од воздушна пушка. Трагедијата се случила синоќа во населбата Иличка, а полицијата го истражува случајот и ги утврдува сите околности на трагедијата, пишува Klix.ba.
Имено, синоќа во 19:51 часот од Итната медицинска помош во Брчко, во локалната полиција бил пријавен настан со трагичен исход, а учесниците во настанот биле малолетни.
Според неофицијални информации, станува збор за употреба на воздушна пушка, од која со истрел е повредено 15-годишно момче, кое од здобиените повреди починало.
Секретарот на тамошното обвинителство, Самир Бегановиќ, соопшти дека оваа правосудна институција е информирана за инцидентот и дека во соработка со полицијата интензивно ги презема потребните мерки и дејствија за утврдување на сите релевантни околности за смртта на малолетникот.
„Под надзор на дежурниот обвинител, извршена е истрага, одземени се предмети кои може да се користат како доказ во понатамошниот тек на постапката, а наредена е и обдукција и други вештачења за да се утврди без сомнение начинот на повреда и причина за смртта на жртвата“, изјавил Бегановиќ.
Поради заштита на интересите на постапката, обвинителството во овој момент не можеше да објави повеќе информации за самиот настан на тамошните медиуми.