ТРАГЕДИЈА ВО ВРАЊE: Дете (7) загина додека си играло

Седумгодишно момче од Сурдулица загинало во Врање на улица Петра Лековиќа при игра, потврдија од Вишото јавно обвинителство Врање.

Дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање вечерва околу 23 часот бил известен дека во Врање на улица Петра Лековиќа починало дете.

Седумгодишно дете од Сурдулица било кај својот дедо и починало додека си играло. Според собраните податоци, до несреќата дошло откако детето скокнало од куп наредени греди, кои се движеле и го повредиле детето во пределот на градите и главата. Од здобиените повреди детето починало.

На Одделението за итна медицина во Врање е констатирана смрт, а дежурниот лекар побарал обдукција.