Утрото во Добој започна со трагичен настан кој ја потресе локалната заедница.
Како што пишуваат загрижени сограѓани, во близина на познатите трговски центри кај „Попс“ се случила трагична глетка, пишува Црна хроника.
Имено, мажот бил пронајден обесен од балконот на една од зградите , јавува Српскаинфо .
Службите за итна помош брзо реагирале на пријавата и во моментов се на лице место, додека областа околу трговскиот центар е привремено ограничена за минувачите.
Идентитетот на жртвата се уште не е официјално потврден, а полицијата започнала истрага за утврдување на сите околности кои довеле до овој трагичен исход.