Најмалку 21 лице загина во пожар во рудник во Казахстан, соопшти во саботата „Арцелор Митал Темиртау“, локалната единица на луксембуршкиот производител на челик што работи со рудникот.
Од 252 лица во рудникот Костенко, 208 се евакуирани, а 18 побарале докторска помош, се наведува во соопштението на компанијата. Дваесет и три лица не биле лоцирани до полноќ по локално време.
Претседателот на Казахстан, Касим-Зомарт Токаев, кој изрази сочувство до семејствата на жртвите, и нареди на Владата да ја прекине инвестициската соработка со „Арцелор Митал Темиртау“.
Во соопштението на Владата се вели дека го финализира договорот за национализација на компанијата што управува со најголемата фабрика за челик во земјата.
Минатиот месец, првиот заменик-премиер Роман Скљар изјави за новинарите дека Казахстан е во разговори со потенцијални инвеститори кои би можеле да ја преземат фабриката.
Тој кажа дека Владата не е задоволна од неуспехот на „Арцелор Митал Темиртау“ да ги исполни своите инвестициски обврски, да ја надгради опремата и да ја обезбеди безбедноста на работниците по серијата фатални несреќи.