ТРАГЕДИЈА ВО КЕНИЈА- КАМИОН УДРИЛ ВО АВТОБУС: Најмалку 48 лица загинаа во судир на фреквентна раскрсница (ФОТО)

Најмалку 48 лица загинаа, а 30 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во западна Кенија.

Ројтерс јавува дека несреќата се случила на фреквентна раскрсница кога камион кој превезувал транспортен контејнер излетал од патот и се судрил со неколку други возила, меѓу кои и автобус.

– Засега можеме да потврдиме дека загинале 48 лица и дека едно или две лица се уште се заглавени во камионот – изјавила локалната полиција по судирот.

Локалните медиуми јавија дека возачот на камионот изгубил контрола над возилото и удрил во автобусот на постојка. Повредени се и луѓето кои го чекале автобусот на станицата.