Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа во средата наутро кога со автомобил удрил во наплатна рампа кај Запрешиќ на автопатот А2, извести загрепската полиција.
Неофицијално се дознава дека се работи за 21-годишен млад човек, кој со брзина од 230 км/ч удрил во бетонска барикада. На местото на несреќата нема траги од кочење. Полициската истрага е завршена, јавува ХРТ.
Несреќата се случила околу 5.40 часот на автопатот А2 во правец кон Запрешиќ.