Трагедија во Хрватска: Се преврте чамец со рибари – едно лице загина!

Тело на млад човек е пронајдено денеска во близина на мостот Паг во Хрватска, каде во текот на ноќта се преврте чамец со четворица рибари, од кои тројца успеаја да се спасат, соопшти Капетанијата на пристаништа Задар.

Повеќе информации ќе бидат познати по полициската истрага, соопштија од Капетанијата, пренесува Хина.

Несреќата се случила во близина на мостот Паг околу три часот утринава, а во превртениот чамец имало четворица мажи, јавува хрватската агенција.
Тројца се спасени, а во потрага по четвртиот поморската полиција, Капетанијата на пристаништата, Хрватската планинска спасувачка служба и локалната противпожарна служба. Во потрагата беше вклучен и авион на крајбрежната стража на Министерството за одбрана.

Според неофицијални информации, младите кои доживеале несреќа се од градот Ртина. Ова е втора поморска несреќа во последните пет дена во водната област Задар, јави Хина. Како што соопшти хрватското Министерство за море, транспорт и инфраструктура, на 5 декември во областа Врси е започната потрага по исчезнатиот рибар.