Црногорскиот голман Матија Шаркиќ почина на 26-годишна возраст.
Матија почина во саботата околу 6:30 часот во својот стан во Будва.
Голманот на црногорската репрезентација и англиски Милвол почувствувал непријатност во својот стан во Будва, неговите пријатели веднаш повикале брза помош, но за жал немало помош.
Шаркиќ пред десетина дена ја воодушеви црногорската јавност со одличните одбрани на мечот со Белгија, се чинеше дека „соколите“ добија голман за следната деценија, но пречека прерана смрт.
Полицијата е на терен, се истражуваат сите околности, но најверојатно се работи за природна смрт, јавува РТЦГ.
Матија е роден во Англија, а во помладите категории настапуваше за Астон Вила каде ја започна фудбалската кариера. Не успеа да се бори со минути па отиде на позајмица во Виган, Стратфорд, Ливингстон, а потоа потпиша за Вулверхемптон. Ниту таму не доби шанса, па беше на позајмица во Шрусбери, Бирмингем и Стоук, а потоа минатото лето се пресели во Милвол, за кој сезонава одигра 31 меч.