Трагедија во Шпанија: Почина навивач на овој фудбалски клуб

Натпреварот од 16. коло во шпанското првенство меѓу Гранада и Атлетик Билбао беше прекинат во 18. минута при минимално водство на гостите.

Дуелот беше прекинат поради срцев удар на навивач на домашната екипа, кој, за жал, почина малку подоцна.

Ла Лига изрази сочувство до семејството и пријателите на несреќниот навивач, како и до Фудбалскиот клуб и навивачите на Гранада.

– Натпреварот меѓу Гранада и Атлетико беше прекинат по смртта на навивач на нашиот клуб – соопштија од клубот.